Кристијано Роналдо се заблагодари на својот пријател Оле Гунар Солскјер, откако Норвежанецот доби отказ во Манчестер јунајтед, и преку постовите на социјалните мрежи најдобро се гледаат односите на Португалецот со своите тренери.
„Тој беше мој напаѓач кога првпат дојдов на ‘Олд Трафорд’ и ми беше тренер кога се вратив во Ман јунајтед. Но, пред се, Оле е неверојатен човек и му посакувам најдобро во тоа ќе му донесе што животот. Добра среќа пријателу, ти го заслужуваш тоа“, напиша Роналдо, кој очигледно и покрај сите шпекулации бил во добри односи со Норвежанецот.
View this post on Instagram
Додека беше во Јувентус, ситуацијата не беше таква. Во првата сезона под Маисмилијано Алегри, кога даде 21 гол во 31 мечеви, најмалку во 10 години, но и покрај ова, тој имаше одличен однос со стратегот, и прати ваква порака кога тој доби отказ во 2019.
„Благодарам, шефе. Поминавме само една сезона заедно, но таа беше исклучителна, бидејќи ти не само што си голем тренер, туку си и голем човек. Беше задоволство да се работи со тебе“, напиша тогаш Роналдо.
Grazie mister! Abbiamo vissuto un solo anno insieme ma è stato eccezionale perché oltre a essere un grande allenatore sei un grande uomo. È stato un piacere lavorare con te! pic.twitter.com/n2ojUGI84M
— Cristiano Ronaldo (@Cristiano) May 18, 2019
Лани пак, во лошата сезона за Јувентус под Андреа Пирло, во која тој имаше 29 гола во 33 меча, тој сепак остана во добар однос со тренерот.
„Благодарност Маестро, беше вистинско задоволство да ми бидеш тренер“, напиша тогаш Роналдо.
Мауриио Сари, пак, под кого беше најефикасен – 31 гол во 33 меча, не доби никаков спомен на социјалните мрежи, а италијанските медиуми шпекулираа дека Сари добил отказ токму поради Португалецот.