Top Sport

Сити без мака во четврт-финалето, продолжува сезоната од соништата за Колчестер (видео)

Манчестер сити со 3:1 го совлада Саутемптон за рутински да се планира во четврт-финалето на Англискиот лига куп, еден од трите домашни трофеи кои ги освоија минатата сезона.

Николас Отаменди во 20. минута го отвори резултатот, пред во 38. минута Серхио Агуеро да донесе 2:0 предност за „граѓаните“. Агуеро во 56. минута зголеми на 3:0 и на Саутемптон им се закануваше нова катастрофа по 9:0 поразот од Лестер во Премиер лигата, но тимот на Пеп Гвардиола не отиде до крај. Џек Стивенс даде утешен гол за Саутемптон во 75. минута.

Колчестер јунајтед пак, третолигашот кој претходно успеа да ги елиминира Кристал палас и Тотенхем во натпреварувањето, го продолжи сонот со 3:1 победа кај Краули. Ова е најголем успех во историјата на овој клуб, израмнувајќи го четврт-финалето од сезоната 1974/75.

Лестер исто така е во четврт-финалето по 3:1 победата над Бартон, исто како и Евертон, кој со 2:0 го совладаа Ватфорд.

ЕФЛ КУП, 1/8 ФИНАЛЕ

Бартон – Лестер 1:3

Краули – Колчестер 1:3

Евертон – Ватфорд 2:0

Манчестер сити – Саутемптон 3:1

Оксфорд јунајтед – Сандерленд 1:1, 4:2 пен.

Scroll to Top