Top Sport

Сити демантираат дека дале понуда (од 500 милиони) за Меси, но не кријат дека го сакаат

Манчестер сити не почнале преговори со Лионел Меси за трансфер од Барселона, демантирајќи го тврдењата на британските таблоиди дека му понудиле договор вреден 500 милиони евра, и наместо тоа ќе почекаат Аргентинецот сам да реши каде ќе продолжи со кариерата.

Освојувачот на рекордни шест „Златни топки“ ќе може да замине од Барса на крајот на сезоната како слободен играч, а од јануари според правилата на ФИФА има право да преговара со други тимови, иако ниту тој, ниту неговите претставници не го прават тоа додека самиот не одлучи каде ќе продолжи.

Во Сити се лути од ваквите шпекулации кои можат само да наштетат на можниот потенцијален трансфер во текот на летото.

Земи или остави – Сити на Меси му понудиле 500.000.000 евра

Scroll to Top