Top Sport

Солскјер: Јунајтед не треба да се откажат од „потерата“ по Сити

Иако Манчестер сити има предност од 10 поени на врвот на табелата во Премиер лигата, Оле Гунар Солскјер вели дека неговите Манчестер јунајтед не треба да се откажат од потерата по лидерите, порачувајќи им на фудбалерите да го „казнат“ своето тело и да направат добра низа на резултати.

Тимот на Пеп Гвардиола е во неверојатна победничка серија, додека Јунајтед губеше поени против тимови како Шефилд јунајтед и Вест Бромвич Албион и Солскјер ги предупреди фудбалерите дека тоа веќе не е „дозволено“.

„Кој би кажал дека се откажува од борба и дека нема намера да победи на сите натпревари до крајот на сезоната? Секако, дека ќе го правиме тоа. Тоа што ќе прават другите тимови, Сити, Ливерпул, Лестер , Челси, Тотенхем, Вест Бром и сите други, не можеме да го контролираме. Втори сме и сега амбицијата е да не бидеме подолу, туку погоре. Ни треба добра серија за да поставиме притисок на сити и тоа треба да почнеме да го правиме во недела против Њукасл. Секој меч во Премиер лигата е со огромен интензитет и затоа фудбалерите се платени како што се платени, за да покажат перформанси“, вели Солскјер.

Scroll to Top