Манчестер сити се договориле со Валенсија за трансферот на Феран Торес, победувајќи ги Јувентус во трката за фудбалерот, тврди шпанска „Марка“.
Според нивните извори се работи за трансфер вреден 25 милиони евра плус 12 милиони евра во бонуси, а 20-годишниот Торес, кој веќе ги договорил условите со „граѓаните“ ќе потпише петгодишен договор.
Со ова се комплетира фантастичниот прогрес на крилото во последните 12 месеци, откако на почетокот на сезоната, тогашниот тренер на тимот Марселино планираше да го прати Феран на позајмица, а потоа тој стана еден од најдобрите фудбалери на „лилјаците“.
Оваа сезона тој постигна шест гола и имаше осум аситенции во 44 натпревари за Валенсија.