Манчестер сити поставија цена од 100 милиони фунти за бразилскиот напаѓач Габриел Жесус во обид да ги „исплашат“ Баерн Минхен од нивната цел.
Баерн во текот на летото беше во „лов“ на друг фудбалер на англискиот шампион, Лирој Сане, пред тој да добие повреда на лигаментите во коленото. Сега, Баерн се фокусирани на 22-годишниот Жесус, кој иако потпиша нов долгогодишен договор со Сити минатата година има само четири старта во Премиер лигата оваа сезона.
Сепак, Жесус, кој дојде за 30 милиони евра од Палмеирас во 2016 година, е во долгорочните планови на Пеп Гвардиола и тој директно на бордот на клубот им порачал дека продажбата не е во план.