Фудбалерите на Манчестер сити ја продолжуваат трката со Арсенал за шампионската титула. Избраниците на менаџерот Пеп Гвардиола беа многу убедливи на гостувањето кај Бурнмаут во 25. коло од Премиер лигата, славеа со 4:1 (3:0).
Сити го забележа 17. триумф во Премиер лигата на Англија, додека Борнмут го забележа 14. пораз од стартот на сезоната.
Фудбалерите на Манчестер сити ја завршија целата работа во првите 45 минути од натпреварот на стадионот „Виталити“.
Поведоа во 15. минута со голот на Хулијан Алварез, а во 29. минута Халанд зголеми на 2:0.
Тоа беше негов 33. гол сезонава и 27. во Премиер лигата.
До крајот на првиот дел гол постигна и Фил Фоден.
Во вториот дел беа постигнати уште два гола.
Најпрво во 51. минута по удар на Алварез, топката го погоди Крис Мепама и така Сити стигна до 0:4, а во 83.минута Џеферсон лерма го постигна почесниот гол за Борнмут.