Top Sport

Сити го купија „Мини-Меси“ Сармиенто од Естудијантес

Манчестер сити успеаја да комплетираат уште еден трансфер за засилување на нивната фантастична фудбалска академија, откако го договорија Дарио Сармиенто , 18-годишниот тинејџер кој има прекар „Мини-Меси“ од Естудијантес за 5.2 милиони фунти.

Тинејџерот ќе пристигне во Манчестер на 1 јули, потврдија од Естудијантес. Ниското крило, нормално доби споредби со својот славен сонародник Лионел Меси, а Естудијантес се договорија и за 20 отсто  од следниот трансфер на фудбалерот. Сармиенто во 2019 година стана најмладиот фудбалер кој настапил за Естудијантес кога имаше 16 гола и 7 месеци.

Сармиенто е вториот млад фудбалер од Јужна Америка кој доаѓа во Сити ова лето, откако Бразилецот Кајки потпиша од Флуминенсе, иако ќе остане во клубот до почетокот на 2022. Сити се заинтересирани за младиот фудбалер на Црвена звезда, Андрија Радуловиќ.

Scroll to Top