Top Sport

Осмиот носител Зенит ја растури Барса за да примора „мајсторка“

Зенит Санкт Петерсбург беа последниот клуб кој се пласираше во плејофот во Евролигата, но тоа им пречеше повторно да ја шокираат прворангираната Барселона и да примораат „мајсторка“ по убедливата 74:61 победа.

Кевин Пангос имаше само четири поени во првото полувреме, но го заврши мечот со 22 поени и 8 асистенции за да го предводи Зенит до победа против неговиот поранешен клуб. Тарик Блек додаде 11 поени, и тоа клучните во третата четвртина кога рускиот клуб успеа да избега.

Тимот на Шарунас Јасикиевичиус имаше само 23 од 59 обиди од поле. Ник Калатес имаше 19 поени, а Кори Хигинс заврши со 13 поени.

Петтиот меч ќе се игра во вторник во Барселона.

Scroll to Top