Top Sport

Сити го подготвува најголемиот трансфер во историјата на англискиот фудбал

Манчестер сити, во летниот преоден рок, подготвуваат спектакуларен трансфер. Англиските медиуми тврдат дека на „Итихад“ ќе пристигне најдобриот играч на Астон Вила и еден од најдобрите англиски фудбалери во овој момент, Џек Грилиш.

Манчестер јунајтед, се обиде минатото лето, но не успеа да го донесе Грилиш. Астон Вила одби понуда од 70 милиони фунти.

Клубот од Бирмингем, објави дека Грилиш, може да замине , но не за помалку од 100 милиони фунти.

Медиумите тврдат дека Манчестер сити бил подготвени да платат и повеќе од она што го бара Астон Вила, односно клубот за Грилиш би платил 120 милиони фунти.

Доколку се остварат овие најави, тогаш Сити ќе го урне англискиот рекорд и тој трансфер ќе биде еден од најголемите во историјата на фудбалот.

Scroll to Top