Фудбалерите на Манчестер Сити попладнево го потопија премиерлигашот Саутемптон со 6-1 за враќање на врвот на табелата во Премиер лигата.
„Граѓаните“ одиграа маестрален меч од почеток до крај последната минута.
Дефанзивецот Хоед во 6. Минута постигна автогол, а веднаш потоа Агуеро и Силва со своите голови го решија победникот.
Дени Ингс со гол од пенал во 30. mинута намали на 3:1, но радоста кратко траеше, па преку Стерлинг Сити на полувреме замина со високи 4-1.
Пулените на Пеп Гвардиола во вториот дел го намалија ритамот па, до крајот постигнаа уште „само“ два погодока, преку Рахим Стерлинг и Сане за конечни 6-1.
https://www.youtube.com/watch?v=L1KaQc8CnMk