Top Sport

Сити го потврди трансферот на Рејндерс

Манчестер сити потврди уште едно засилување. Дресот на клубот од „Етихад“ ќе го носи и Холанѓанецот Тижани Рејндерс.

Сити го потврди трансферот од Милан на својата веб-страница, и иако не открија финансиски детали, медиумите објавија дека Сити ќе плати 70 милиони евра за трансферот на холандскиот репрезентативец, кој потпиша договор до летото 2029 година.

„Чест ми е што потпишав за Сити. Горд сум што сум дел од тимот на Пеп Гвардиола, чија работа ја следам со години, уште од Барселона со Лео Меси. Едвај чекам да почнам да работам со него и сигурен сум дека Гвардиола ќе ме направи уште подобар играч“, рече Холанѓанецот.

Пред Рејндерс, Сити ги претстави Рајан Аит-Нури и Рајан Шерки, додека голманот Маркус Бетинели пристигна од Челзи, кој ќе биде трет избор зад Едерсон и Стефано Ортега.

Нури пристигна за сума од околу 45 милиони евра, Шерки од Лион за 36+6 преку бонуси, што значи дека Сити потроши околу 150 милиони евра за летни засилувања.

Важно е да се истакне дека Пеп ќе може да смета на сите играчи на претстојното Светско првенство за клубови во САД.

Scroll to Top