Манчестер сити го потврдија договорот за трансфер на младиот бразилски дефанзивец Јан Коуто од Коритиба со петгодишен договор за сума од 6 милиони евра.
Не се очекува дека 17-годишниот Коуто веднаш ќе добие место во првиот тим на Манчестер сити, но тој го привлече вниманието со одличните настапи за бразилската У-17 репрезентација на СП во ноември, каде што имаше најмногу создадени шанси од сите дефанзивци.
Сити подолго време го следат пазарот на фудбалери во Бразил, а откако Пеп Гвардиола е на чело на клубот беа донесени Габриел Жесус и Даглас Луиз. Жесус успеа да избори место во првиот тим, но Луиз беше продаден на Астон вила за 15 милиони фунти без да има настап за клубот. Марлос Морено исто така дојде од Јужна Америка во 2016 година и петпати беше позајмен, додека крилото Бенжамин Гаре замина оваа недела ако слободен играч.
Коуто уште нема настап за првиот тим на Коритиба, но има 13 настапи за У-17 репрезентацијата на Бразил.