Top Sport

Ждрепка за Лигата на нации – Грција можен противник на Македонија

Вечерва во Амстердам ќе бидат извлечени грушите за второто издание на најмладото натпреварување на УЕФА, Лигата на нации.

Два месеци по завршувањето на ЕУРО 2020 ќе започне новото издание на Лигата на нации. Репрезентацијата на Македонија, во второто издание на Лигата на нации ќе се натпреварува во Ц-конкуренцијата.

Македонија е сместена во вториот шешир, заедно со Косово, Белорусија и Кипар. Овие селекции нема да им бидат противници на избраниците на Игор Ангеловски.

Шешир 1: Грција, Албанија, Црна Гора, Грузија
Шешир 2: Македонија, Косово, Белорусија, Кипар
Шешир 3. Естонија, Словенија, Литванија, Луксембург
Шешир 4: Ерменија, Азербејџан, Казахстан, Молдавија.

УЕФА објави во кој период ќе се играат натпреварите.

1 коло: 3-5 септември 2020
2 коло: 6-8 септември 2020
3 коло: 8-10 октомври 2020
4 коло: 11-13 октомври 2020
5 коло: 12-14 ноември 2020
6 коло 15-17 ноември 2020

Извлекувањето на групите е започне во 18 часот.

Scroll to Top