Top Sport

Хил: Хамилтон ќе го одбие договорот со Мерцедес?

По првите три трки од Формула 1 сезоната станува јасно дека веќе ја нема доминацијата на Мерцедес од претходните четири сезони, и ова може да го натера шампионот Луис Хамилтон да си замине од „Сребрената стрела“, предупредува ексшампионот Дејмон Хил.

Хамилтон има договор со Мерцедес уште за оваа сезона и Хил вели дека поради „менувањето на ситуацијата“ во Ф1 може да се смени и тимот.

„Ова е точка за пресврт. Долго време гледавме како Мерцедес допминираат, но сега и Ферари и Ред бул се побрзи од нив на моменти. Ако ова е стартот на новата ера, Луис мора внимателно да размисли дали да се обврзе на долгогодишен договор со Мерцедес. Во Формула 1 е така – империите паѓаат и раѓаат и можеби Мерцедес се сега во надолна линија“, вели Хил.

Мерцедес и Хамилтон преговараат за нов договор од крајот на минатата сезона, и четирикратниот шампион никогаш не криел дека има љубов кон најславниот Ф1 тим Ферари. Останува да се види дали предвидувањето на Хил ќе се оствари.

Фото: ЕПА

Scroll to Top