Манчестер сити и Челси за европската титула ќе се борат во Португалија, не на „Вембли“ како што посакуваше цела Англија. Истанбул, втора година извиси за финалниот натпревар. Минатата сезона, поради коронавирусот, УЕФА организираше завршен турнир во Лисабон, а оваа рестриктивните мерки и правила кои важат за патувања од Велика Британија кон Турција.
УЕФА допрва ќе го одреди домаќинот на финалниот меч во Лигата на шампионите. Финалето е закажано за 29.мај.
Светските медиуми објавија дека Сити и Челси ќе играат во Португалија, прашање е само дали мечот за титулата ќе се игра во Порто или на стадионите на Бенфика и Спортинг во Лисабон.
Португалија е избрана бидејќи англиските навивачи можат да патуваат во оваа земја.
Желбата на Англичаните, храмот на фудбалот „Вембли“, ќе биде резервна варијанта.