Според „Ла газета дело спорт“, Манчестер сити и Манчестер јунајтед се приклучија во „трката“ по потписот на Матијс де Лихт, кој се обидува да ги примора Јувентус да го продадат во летниот преоден рок.
Директорот на „бјанконерите“, Маурицио Аривабене за „Тутоспорт“ претходно призна дека холандскиот репрезентативец по три сезони сака да си замине од Торино, а Челси веќе преговараат за неговиот потпис. Пеп Гвардиола и Ерик Тен Хаг подолго време го следат 22-годишниот Де Лихт, кој работеше со Тен Хаг во Ајакс пред трансферот од 85.5 милиони евра во Јуве во 2019 година.
Де Лихт има отпусна клаузула во ддоговорот од високи 120 милиони евра, и Јувентус барата кеш-понуда, откако претходно ги одбија Челси со понудата да го добијаат Тимо Вернер или Кристијан Пулишиќ и 40 милиони евра.