Top Sport

„Сити или ПСЖ ќе ја освојат Лигата на шампиони“

Прославениот тренер Арсен Венгер ги открил неговите фаворити за освојување на титулата во Лигата на шампионите. Најквалитетното фудбалско натпреварување во светот ќе продолжи на 7 и 8 август со осмина-финалните реванши, потоа четврт-финалистите ќе се преселат во Лисабон каде ќе се одигра завршниот турнир.

„Кога играте еден натпревар против Аталанта или Атлетико Мадрид се е можно, но сметам дека главни фаворити се Манчестер сити и ПСЖ. Мислам дека двата тима се послаби него што беа пред три или четири години, исто така во минатото и Лигата на шампионите беше посилна. Генерално опаѓа квалитетот на фудбалот, но Сити и ПСЖ и понатаму се меѓу трите најсилни екипи во Европа“, рекол Венгер.

Манчестер сити на 7 август ќе го пречека Реал Мадрид, по првиот меч има предност од 2:1, додека ПСЖ избори четврт-финале каде за противник ќе ја има Аталанта.

Scroll to Top