Top Sport

Сити има нова ѕвезда! Тинејџерот Диаз со два гола го „суреди“ Фулам (видео)

Манчестер сити е во четврт-финалето на Лига купот, откако благодарение на двата гола на 19-годишниот Брахим Диаз стигна до 2:0 победа над Фулам на „Етихад“ во четвртокот навечер.

Диаз, кој е роден во Чиле, но игра за шпанската младинска репрезентација, доби шанса од Пеп Гвардиола за мечот од ЕФЛ купот, и целосно ја искористи. Тинејџерот го постигна својот прв гол на „Етихад“ во 18. минута, за да ги постави конечните 2:0 во 65. минута пред да биде заменет 12 минути подоцна.

Оваа одлична партија од талентираниот Шпанец доаѓа во време кога шпанските медиуми шпекулираа дека Реал Мадрид е подготвен да му понуди договор.

Scroll to Top