Top Sport

Федерер со лесна победа над Фоњини во Берси, но не беше задоволен

Роџер Федерер вели дека е „далеку од најдобрата игра“, иако лесно со 6:4/6:3 го совлада Италијанецот Фабио Фоњини и се пласираше во четврт-финалето со само еден одигран меч на Мастерсот во Париз.

Федерер стартуваше од третото коло, откако имаше слободно прво коло, а потоа Милош Раонич се повлече од мечот од второто коло, за да обезбеди дуел со Фоњини, кој има одлична сезона во која освои три АТП титули. 37-годишниот Швајцарец лесно го мина Италијанецот, но не беше импресиониран од својата игра.

„Не  можете да очекувате премногу бидејќи ова беше како прво коло за нас. Јас и Фабио не игравме оваа недела, така што немаше ритам, а тука во оваа сала има електрицитет и сите сакаат да гледаат врвен тенис. На крајот, двајцата се потрудивме“, изјави Федерер.

Откако го доби мечот, Федерер не ги заборави ниту своите верни фанови и помина време со нив потпишувајќи автограми.

Scroll to Top