Манчестер сити започна преговори со Порто, од каде се надева дека ќе го доведе голманот на овој тим и на португалската репрезентација. Диого Кошта.
Диого Кошта е под договор со Порто и во наредните две сезони, а Сити се надева дека 60 милиони евра ќе бидат доволни за да се заврши работата.
Минатата сезона, тој одигра 43 натпревари, прими 45 гола и 19 пати ја задржа мрежата.
Доколку Кошта се пресели во Манчестер сити, според шпекулациите Бразилецот Едерсон ќе заврши во Галатасарај.
Фото/ Принтскрин