Top Sport

Сити израмни со „неспортски“ гол, Адеми ќе се тепаше (видео)

Динамо Загреб и Манчестер сити имаат 1:1 по првите 45 минути на „Максимир“, откако по прекрасниот гол на Дани Олмо, со кој младиот Шпанец уште еднаш го покажа талентот, гостите постигнаа гол на помалку неспортски гол, додека еден фудбалер на Динамо беше на тревата.

По само 10 минути, Олмо, за кој иронично се заинтересирани токму Сити, постигна убав гол за водство кое им е потребно на „модрите“, но клучниот момент беше во 34. минута, кога Габриел Жесус со глава постигна лесен гол по асистенцијата на Ријад Марез.

Додека ова се случуваше еден фудбалер на Динамо лежеше повреден на тревата, по што луто реагираше капитенот на Динамо, македонскиот репрезентативец Аријан Адеми, кој влезе во пресметка со Бернардо Силва.

На Динами им треба победа над Сити за пласман во осминафиналето, ако во исто време и Шахтјор не ја победи Аталанта во Харков. По првите 45 минути, таму е 0:0.


Scroll to Top