Top Sport

Сити ја доби куп-битката со Арсенал

Манчестер сити се во четврт-финалето на најстарото клупско натпреварување на светот, ФА купот, откако во лута битка со Арсенал излегоа со 1:0 победа на „Етихад“.

Иако не се работеше за меч од Премиерлигата, секако, вниманието беше насочено кон Манчестер, каде што се судрија лидерот во Премиерлигата, Арсенал и нивниот главен ривал, актуелниот шампион Сити, во пресметка на Пеп Гвардиола со неговиот „ученик“, Микел Артета.

Во израмнет меч во кој двата тима имаа свои шанси, неочекуван херој на „граѓаните“ беше дефанзивецот Натан Аке, кој во 63. минута по една опасна ситуација и статива пред голот на Арсенал, упати удар кој беше недостижен за Арон Ремсдејл.

Scroll to Top