Top Sport

Сити ја одреди цената за Хулијан Алварез

Реал Мадрид на пазарот бара напаѓач кој ќе биде достојна замена за Карим Бензема. Откако Французинот на брзина замина од Реал, клубот не се активираше на пазарот да донесе напаѓач. Од стартот на сезоната само Хоселу е вистинска „деветка“ во Реал.

Шпанските медиуми тврдат дека скаутите на Реал следата двајца играчи и двајцата од поечтокот на сеозната играа во врвна форма. Станува збор за Хименез од Феенорд и Хулијан Алварез од Манчестер сити.

Реал го следи Аргентинецот од Сити и покрај тоа што е јасно дека Пеп Гвардиола нема намера да дозволи тој да замине од клубот. Или пак може да замине за вистинска цена.

Англичаните тврдат дека трансферот на Алварез не само во реал туку во било кој друг клуб е возможен само доколку заинтересираната страна е подготвена да плата најмалку 92.000.000 евра.

Алварез во Манчестер сити пристигна од Ривер плата, во јануари 2022 година за сума од 21.400.000 евра.

Досега за Сити одигра 62 натпревари, постигна 23 гола и забележа 10 асистенции. Во тековната сезона Алварез на 14 одиграни натпревари во сите натпреварувања постигна седум гола и забележа пет асистенции.

Тој минатата сезона ја освои тројната круна со Сити, а со Аргентина стана светски првак.

Scroll to Top