Хари Кејн вчера официјално објави дека и оваа сезона ќе остане во Тотенхем, па во Манчестер Сити, кои цело лето „притискаа“ за негов трансфер на „Итихад“ сега се свртеа кон друга опција во нападот.
Одлуката, се чини, падна на еден од најдобрите на сите времиња – Кристијано Роналдо.
Португалецот, се чини, е незадоволен во Торино и бара нов предизвик во кариерата.
Неговиот агент Жорге Мендеш допатувал во Манчестер за да преговара за нов ангажман на својот клиент.
Италијанецот Џанлука ди Марцио пренесува дека Манчестер Сити на капитенот на Португалија му нудат двегодишен договор вреден 15 милиони евра по сезона, додека во Јуве моментно заработува по 32 милиони годишно.
Обештетувањето што ќе го бара торинскиот клуб, наводно ќе изнесува 25 милиони евра.
#Juventus, Jorge #Mendes è a Torino: continuano i contatti con il #ManchesterCityhttps://t.co/pC31WF4PXG
— Gianluca Di Marzio (@DiMarzio) August 25, 2021