Манчестер сити стигнаа до убедлив 4:0 триумф над второлигашот Фулам во 4. коло на англискиот ФА куп, во меч во кој исходот беше јасен уште по дваесетина минути.
Мечот започна лошо за гостите, откако уште во шестата минута останаа со играч помалку по директниот црвен картон за Тим Рим, нешто што тимот на Пеп Гвардиола веднаш го казни ова – Илкај Гундоган од пенал погоди за 1:0, а во 19. минута, Бернардо Силва постигна гол за 2:0.
Во второто полувреме, Габриел Жесус постигна два гола за три минути (72. и 75. минута) за комплетирање на триумфот.