Top Sport

Сити ќе биде шампион, Челси нема да стигне до ЛШ

До крајот на сезоната во англиската Премиер лига останаа уште 11.кола и извезно е дека Манчестер Сити ќе ја освои титулата. Сити на челната позиција има 16 бода повеќе од Манчестер Јунајтед.

Англичаните се свесни дека иако во игра се уште 33 бода шампионот е веќе познат, па поради тоа вниманието го насочија кон борбата за преостанатите три места кои носат пласман во Лигата на шампионите.

Задачата да пресмета како ќе изгледа табелата на крајот од сезоната, односно по 38.коло, Англичаните му ја „доверија“ на супер-компјутерот.

По пресметувањето на сите можни комбинации, супер-компјутерот ги обајавил резултатите дека Сити ќе биде шампион, а на второто место ќе заврши Манчестер Јунајтед, а на третото Ливерпул.

На четвртата позиција ќе се пласира Тотенхем, кој ќе заврши пред лондонските ривали Челси и Арсенал.

Интерсена ќе биде и борбата за опстанок, во Англија од Премиер лигата на крајот од секоја сезона испаѓаат последните три тима.

Супер-компјутерот пресметал дека лигата на крајот од сезоната ќе ја напуштат Саутемптон, Стоук и Вест Бромбич Албион.

Scroll to Top