Top Sport

Сити ќе ја дознаат европската судбина во првата половина на јули

Манчестер сити ќе треба да почекаат до „првата половина на јули“ за да дознаат дали ќе биде успешна нивната жалба за двегодишната суспензија од европските натпреварувања, потврдија од Судот за арбитража во спортот (ЦАС).

Тридневното сослушување пред ЦАС, оддржано преку видео-конференциска врска, заврши денеска и судот во Лозана ќе го разгледува случајот до следниот месец.

УЕФА во февруари одлучи дека Сити направиле сериозни прекршувања на финансискиот фер-плеј (ФФП) откако приходите кои доаѓале од газдите на компанијата ги пријавувале како спонзори, доделувајќи им двегодишна суспензија и казна од 30 милиони евра. Ако ЦАС ги поддржи УЕФА, тогаш Сити по девет години нема да игра во Лигата на шампионите, а петтото место во Премиер лигата ќе води во ЛШ.

Доколку се случи ова станува нејасно  што се случи со најголемите ѕвезди на клубот, но и со менаџерот Пеп Гвардиола, иако минатиот месец тој изјави дека не гледа причина да замине од клубот. На теренот, Кевин де Брујне е меѓу ѕвездите кои признаа дека би било тешко да се паузира две години од елитното европско натпреварување.

Scroll to Top