Пеп Гвардиола ќе стане најплатениот фудбалски менаџер на светот следното лето со богатиот нов договор со лидерите во Премиер лигата, Манчестер сити, вреден 80 милиони фунти, тврди британскиот весник „Дејли мирор“.
Сопствениците на Манчестер сити веруваат дека Гвардиола има долгорочни планови со тимот и се убедени дека тој ќе се согласи на четиригодишно продолжување на престојот на „Етихад“, откако имаат рекордни 16 победи во низа во Премиер лигата за да ја одржат предноста од 11 поени пред лутите ривали Манчестер јунајтед.
Гвардиола потпиша тригодишен договор кога пристигна од Баерн Минхен во 2016 година, договор со кој заработува 15 милиони фунти годишно, но со „подобрениот“ договор оваа цифра би пораснала на 20 милиони фунти или речиси 400.000 фунти неделно.
Гвардиола помина четири години како шеф на Барселона, по што по 12 месечна пауза, имаше три сезони со Баерн Минхен.