Пеп Гвардиола има пеколен план, кој ќе се обиде да го реализира во летниот преоден рок. Тренерот на Манчестер сити, бара замена за првиот напаѓач Серхио Кун Агуеро. Аргентинецот има 32 години, а во последните две сезони се мачи со повредите.
Гвардиола ја означил неговата замена и побарал од клупските челници да започнат со преговорите. Шпанскиот тренер во Сити го сака Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд.
Халанд има договор со Борусија до јуни 2024 година, меѓутоа на сите им е јасно дека тој порано ќе ги напушти „милионерите“.
Норвежанецот имал клаузула во договорот според која, во јуни 2022 година, може да го напушти клубот за сума од 69 милиони фунти.
Гвардиола не може да чека една година, поради тоа наредното лето, Сити на Борурсија ќе им понудат 100 милиони фунти.
Халанд оваа сезона, за клубот и репрезентација одиграл 19 натпревари, постигнал 23 голови.