Top Sport

Сити комплетни на „Крејвен Котиџ“

Менаџерот на Манчетер сити, Пеп Гвардиола, за наредниот меч против Фулам, во Премиер лигата, ќе ги има на располагање сите играчи.

Од повредите се рехабилитирале Кевин Де Брујне, Џон Стонс и Фернандињо. Сити ќе гостува кај Фулам „Крјвен Котиџ“ на 30 март.

Единствен кој не е во конкуренција е Бенжаман Менди, но Французинот е повреден речиси од почетокот на сезоната.

Манчестер сити се наоѓаат на второто место на табелата со 74 бода, со натпревар и два бода помалку од Ливерпул.

Scroll to Top