Top Sport

Нурмагомедов му порача на Мекгрегор: Џунглата може да има само еден крал

Ирскиот ММА борец, Конор Мекгрегор, ја заврши кариерата во мешаните боречки вештини. Одлуката, 30-годишникот ја соопштил на „Твитер“.

„Здраво момци, денесе решив да се повлечам од спортот познат како „мешани боречки вештини“. На сите мои постари колеги им посакувам успех во натпреварувањето“, напишал Мекгрегор.

Доколку ова не е само уште еден трик од Мекгрегор за да извлече повеќе пари за наредната борба, тогаш ќе остане запишан дека последниот меч го имал лани во октомври, во Лас Вегас, кога беше поразен од Хабиб Нурмагмедов.

Еден од првите што се огласија на социјалните мрежи, по повод повлекувањето на Мекгрегор, беше токму Дагестанецот.

„Може да има само еден крал во џунглата. Само еден“, порачал преку „Твитер“, Нурмагомедов.

Мекгрегор (повторно) објави крај на кариерата

Scroll to Top