Три тима, по десет одиграни првенствени рунди, се уште немаат пораз во Премиер лигата. Манчестер сити, Ливерпул и Челси доминираат во Англија од почетокот на новата сезона.
На првите две позиции се Сити и Ливерпул, овие два покрај осумте победи имаат и по два нерешени резултати, а трето пласираниот Челси има едно реми повеќе и седум победи.
Ова е апсолутен рекорд во Премиер лигата, бидејќи никогаш досега немало тим што не забележал пораз во воведните десет кола. Сите останати тимови имаат најмалку по два порази.
3 – For the first time in Premier League history, there are as many as three teams still unbeaten after 10 matches (Manchester City, Liverpool and Chelsea). Strength. pic.twitter.com/bBPr3nrNkJ
— OptaJoe (@OptaJoe) October 29, 2018
И додека екипите на тренерите Пеп Гвардиола, Јирген Клоп и Маурицио Сари пишуваат историја во Премиер лигата, два тима Њукасл и Хадерсфилд се уште се без победа и најавија дека се меѓу главните кандидати за преселба во понизок ранг.
Во наредното коло на програмата е дербито Арсенал-Ливерул. Конкурентите на Ливерпул ќе имаат полесни задачи, Сити ќе го пречека Саутемптон, а на Челси ќе му гостува Кристал Палас.