Фудбалерот на Манчестер Сити, Габриел Жесус, поради повреда ќе биде надвор од тимот најмалку еден, а најмногу два месеци, рекол менаџерот Пеп Гвардиола.
Лидерот во Премиер лигата, во неделата, одигра 0:0 во Лондон против Кристал Палас. Сити ја прекина импозантната низа на победи, но и натаму има комотна предност на челната позиција.
Сити на овој меч загуби два бода, но она што повеќе го загрижува Гвардиола се повредите на Жсус и Кевин де Брујне.
„Можеби месец или два“, рекол Гвардиола одговарајќи на новнарско прашање колку Жесус ќе биде надвор од тимот.
Менаџерот потврдил дек Де Брујне имал среќа, без да соопшти повеќе детали за повредата на Белгиецот.