Манчестер сити со фантастично прво полувреме стигнаа до 3:1 победа над Астон вила за да дојдат на само три поени од првото место на Арсенал (иако со натпревар повеќе), но за мега-пресметката со Арсенал во среда најверојатно останаа без Ерлинг Халанд, кој беше заменет поради повреда.
Мечот започна со свиркање на химната на Премиерлигата и со повеќе банери и знамиња со погрдни пораки за Премиерлигата по истрагата за финансиските малверзации на клубот.
По ова, забавата почна – веќе во 4. минута, Ријад Марез му асистираше на Родри за 1:0, за во 39. минута, Илкај Гундоган да го удвои водството, па во 45. минута да биде 3:0 откако по фаулот над Џек Грилиш, Ријад Марез го зголеми водството на 3:0. Астон вила на Унаи Емери се обиде да се врати во игра во второто полувреме, но успеаја само да намалат на 3:1 преку Оли Воткинс во 61. минута од мечот.