Top Sport

Сити на тројца играчи ќе потрошат 300 милиони евра

Супер-богатите сосптвеници на Манчестер сити подготвиле голема сума на пари, кои менаџерот Пеп Гвардиола ќе ги има на располагање во летниот преоден рок.

Манчестер сити сезоната ја завршија на првото место во Премиер лигата, го освоија Лига купот, а во сабота ќе се борат за трофејот во Лигата на шампионите.

Како и да заврши големото финале против Челси, Гвардиола во преодниот рок ќе може да потроши 300 милиони евра.

Гвардиола во својот тим сака да донесе двајца Англичани и еден Португалец.

Џек Грилиш од Астон Вила и минатото лето се поврзуваше со Сити. За најдобриот играч на Австон Вила „граѓаните“ биле подготвени да издвојат 100 милиони евра.

Втор на оваа листа е Хари Кејн. Напаѓачот јавно кажа дека сака да го напушти Тотенхем и дека нема немра да замине од Премиер лигата.

Челниците на Сити претпоставуваат дека најдобриот англиски напаѓач би можеле да го добијат за 150 милиони евра. Наводно постои и можност да понудат пари и еден играч, веројатно Габриел Жесус, за услугите на Кејн.

Трет на оваа листа е тинејџерот од Спортинг Лисабон, Нуно Мендеш. Левиот бек има откупна клаузула од 60 милиони евра. Оваа сума Манчестер сити ќе ја плати за да го донесе овој фудбалер, што значи дека од клубот ќе замине Бенжаман Менди.

Scroll to Top