Top Sport

Сити наскоро ќе заврши со два трансфери за 100 милиони евра

Италијанскиот експерт за трансфери Фабрицио Романо известува дека Манчестер сити е блиску до потпишување на своето прво летно засилување. Станува збор за играчот на Олимпик Лион, Рајан Черки. Според извештаите, договорот меѓу клубовите треба да биде финализиран следната недела, а станува збор за сума од 30 милиони евра.

Иако има само 21 година, Черки веќе одигра 185 натпревари за Лион. Францускиот фудбалер, кој може да игра и како крилен напаѓач, досега постигна 29 гола и забележа 45 асистенции во својата кариера.

Како што пишува „GiveMeSport“, менаџерот на Черки се сретнал со претставници на неколку клубови, а Сити добил предност во преговорите. Во тековната сезона, Черки одигра 41 настап во сите натпреварувања за Лион, постигна12 гола и забележа 20 асистенции.

Романо исто така наведува дека во наредните денови, Сити треба да го комплетира трансферот на Тижани Рејндерс. Холандскиот репрезентативец и играч од средниот ред на Милан импресионираше во Италија оваа сезона и покрај тоа што Милан заврши на осмото место.

Тој беше прогласен за најдобар играч од средниот ред во Серија А, а Сити е заинтересиран да го доведе.

Се очекува дека овој трансфер би можел да го чини Сити помеѓу 65 и 70 милиони евра. Рејндерс ја започна својата кариера во Цволе, а играше и за младинските и сениорските тимови на АЗ, со краток престој во Валвијк.

Тој е во Милан од 2023 година, каде што пристигна во трансфер вреден 20,5 милиони евра. Неговиот договор истекува во јуни 2030 година, а„ Трансфермаркт“ го проценува на 50 милиони евра.

Scroll to Top