Top Sport

Сити не дава Ливерпул да побегне, пресврт-победа над залетаниот Челси (видео)

Манчестер Сити вечерва славеше победа од 2-1 против Челзи во рамки на 13 коло до Премиерлигата. Со трите бода „граѓаните“ и понатаму го следат водечкиот Ливерпул кој и понатаму останува на +9.

Сите три гола на дерби дуелот на „Ихихад“ беа постигнати во првиот дел, за само 16 минути.

Н’Голо Канте по асистенцијата на Хрватот Ковачиќ рутински погоди за 0-1 во 21 минута.

Сити израмни преку Де Брујне во 29 минута откако топката се одби од блокот и го измами голманот Кепа за 1-1.

По нецели 8 минути целосен пресврт. Во соло-акција, Ријад Марез се прошета низ противничката одбрана и по земја погоди за предност на Сити од 2-1 на полувреме.

Гостите од Лондон во вториот дел имаа само две посериозни прилики за израмнување, преку Вилијан и Маунт, но немаа среќа во завршницата.

Во 93 минута по третпат се затресе мрежата на Кепа. Погоди Стерлинг, ВАР технологијата покажа дека Англичанецот бил неколку сантиметри зад противничката одбрана, па голот беше поништен поради офсајд.

Мечот го одбележа и повредата на аргентинскиот голгетер на Сити, Серхио Агуеро кој ја напушти играта во 77 минута.

Scroll to Top