Top Sport

Јуве не дозволи шок од Беневенто, на само еден поен од Наполи

Италијанските шампиони Јувентус останаа смирени по шокантното водство со прекрасен гол на аутсајдерот Беневенто на стадионот „Алијанц“, да вратат со два гола во второто полувреме за 2:1 победа и доближување на еден поен на лидерот во Серија А, Наполи.

Амато Чичирети во шестата минута од натпреварот со фантастичен гол од слободен удар донесе водство за Беневенто, тим кој има негативен рекорд во Серија А, со 11 порази во низа на стартот на сезоната (прва во Серија А).

Уште поинтересно, овој резултат остана цело прво полувреме, пред во 57. минута, Гонзало Игуаин конечно да го скрши отпорот на аутсајдерот, за девет минути подоцна Квадрадо да додаде уште еден гол за водство на Јуве.

Тоа што на почетокот на натпреварите од 12. коло во Серија А изгледаше како совршена шанса за Наполи да ја зголеми предноста на врвот на табелата, на крајот значеше дека Јувентус сега е на само еден поен од „наполитанците“. Тимот од Неапол не успеа да стигне до 11 победа во 12 меча во Серија А,о ткако на гостувањето кај Верона одигра само 0:0 против Киево.

Најинтересен меч од 12. коло одиграа Фиорентина и Рома, откако „волчицата“ успеа да стигне до тешка 4:2 победа во трилер со пет гола. Жерсон уште во 5. минута донесе водство за Рома, пред  само четири минути подоцна Верету да израмни за тимот од Фиренца. Жерсон постигна уште еден гол во 30-тата минута, пред синот на тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, Џовани да израмни во 39. минута. Победничкиот гол за Рома го постигна грчкиот интернационалец Константинос Манолас пет минути по почетокот на второто полувреме, пред во 87. минута Диего Пероти да го постави конечниот резултат.

Дуелот Лацио-Удинезе беше откажан поради силниот дожд во италијанската престолнина. Двата тима се загреваа под силниот дожд, но неколку минути пред мечот да стартува, судијата Лука Бјанти реши дека теренот не е прикладен за игра.

СЕРИЈА А, 12.КОЛО

Интер – Торино 1:1

Каљари – Верона 2:1

Киево – Наполи 0:0

Фиорентина – Рома 2:3

Јувентус – Беневенто 2:1

Лацио – Удинезе откажано

Scroll to Top