Top Sport

Сити не се откажуваат од Кејн, ќе ги рушат сите рекорди

Манчестер сити ќе продолжат со обидот да го добијат Хери Кејн од Тотенхем до крајот на летниот преоден рок и покрај постојаните деманти на лондонскиот клуб за преговори за напаѓачот, тврди „ЕСПН“.

За комплетирањето на договорот, Сити имаат нешто повеќе од две недели, бидејќи преодниот рок завршува на 31 август и ќе ја тестираат тврдоглавоста на Тотенхем за англискиот капитен, кого го ценат за повеќе од 150 милиони фунти.

Иако Сити јавно објавува дека нема да оди оваа сума, според „ЕСПН“ сосема е реално да се очекува рушењето на британскиот рекорд од 100 милиони фунти, кои ги платија за Џек Грилиш од Астон вила. Крајната сума би била поблиску до 120 милиони фунти со дополнителни бонуси за Кејн.

Сити се надеваат дека ќе соберат повеќе од 50 милиони фунти со продажба на повеќе фудбалери, вклучувајќи го 19-годишниот Морган Роџерс, но не планираат продажба на фудбалери од првиот тим, како Рахим Стерлинг, Габриел Жесус, Бернардо Силва или Ајмерик Лапорт. „Граѓаните“ се сигурни дека можат да успеат во купувањето на Кејн, но оптимизмот не го дели Пеп Гвардиола.

Scroll to Top