Top Sport

Сити немаат примено гол во ЛШ фантастични 706 минути!

Манчестер сити е во четврт-финалето на Лигата на шампионите, натпреварувањето кое секогаш му „бега“ на Пеп Гвардиола по фантастичните успеси со Барселона, откако со 2:0 го совладаа тимот на Борусија Менхенгладбах, поставувајќи нов рекорд без примен гол во елитното европско натпреварување.

Тимот на Гвардиола нема примено гол во 706 минути во Лигата на шампионите оваа сезона, со што го поминаа легендарниот италијански голман Џиџи Буфон, кој немаше примено гол во 690 минути во ЛШ во 2016/17.

Голманот Едерсон не го израмни рекордот, бидејќи тој не играше во мечот од групната фаза против Олимпик Марсеј во октомври. Сити имаат примено само еден гол во ЛШ оваа сезона, во првото коло против Порто, кога победија со 3:1.

Scroll to Top