Манчестер сити и Пеп Гвардиола се поготени да понудат 90 милиони фунти за холандската ѕвезда на Барселона, Френки де Јонг по повлекувањето од „трката“ за Деклан Рајс, тврди британскиот „Сан“.
Актуелните англиски и европски шампиони се на пазарот за нов играч од средниот ред откако Илкај Гундоган одби да потпише нов договор и замина токму на „Ноу Камп“, а потоа Сити се повлекоа од обидот да го добијат Рајс од Вест хем бидејќи „чеканите“ ја одбија понудата од 90 милиони фунти.
Гвардиола се обиде да го донесе Де Јонг во Сити во 2019 година, пред тој да потпише мега-договор со Барселона, додека минатото лето тој беше главна цел на градските ривали, Манчестер јунајтед, но 26-годишниот Холанѓанец не сакаше да замине од клубот. Ситуацијата можеби е сменета овој преоден рок бидејќи во Каталонија постои потреба за продажба на фудбалери за да се решат финансиските проблеми.