Top Sport

Сити нуди 70 милиони за Пакета

Актуелниот англиски и европски шампион, Манчестер сити, покажал сериозен интерес за фудбалерот ан Вест Хем, Лукас Пакета.

Англиските медиуми објавија дека за услугите на Бразилецот, Сити се подготвњни на „чеканите“ да им платата 70 милиони евра. Според овие извори во Вест Хем не се задоволни со оваа понуда, очекуваат да заработата повеќе пари од трансферот на својот најкреативен играч. Преговорите ќе продолжат оваа недела.

За време на овој преоден рок, Вест Хем веќе го продаде Деклан Рајс на Арсенал за повеќе од 100 милиони фунти.

Веднаш откако се појави интересот на Сити за Пакета започнаа шпекулациите дека Бразилецот би можел да биде замена за Бернардо Силва, кој им постави ултиматум на клупските челниците дека сака да го напушти клубот.

Scroll to Top