Top Sport

Сити одбраната на титулата ќе ја започнат против Тотенхем

Премиер лигата го објави распоредот за новата сезона. Сезоната 2021/2022 ќе започне на 14.август.

Манчестер сити, одбраната на шампионската титула ќе ја започнат со гостувањето кај Тотенхем.

Актуелниот европски првак Челси, во првото коло ќе го пречека Кристал Палас, а на Манчестер јунајтед ќе му гостува Лидс. Ливерпул и Арсенал ќе гостуваат кај новите членови на Премиер лигата, Норич односно Брентфорд.

Сезоната во Премиер лигата ќе заврши на 22.мај 2022 година.

Scroll to Top