Атлетик Билбао потврдија дека 23-годишниот француски дефанзивец Ајмерик Лапорт ќе замине (иако не го споменаа името на клубот), откако Манчестер сити ја плати откупната клаузула од 65 милиони евра, со што во 19-те месеци од доаѓањето на Пеп Гвардиола во клубот, потрошени се над пола милијарда фунти.
23-годишниот Лапорт веќе се збогуваше со својот клуб од детството.
„Толку многу да се каже со толку малку зборови. Сакам да се заблагодарам за тоа што ми го дадовте. Пристигнав тука како адолесцент и станав вистинска личност и фудбалер во Билбао. Не сакам моето заминување, пред новиот предизвик во кариерата да биде ‘збогум’ туку ‘ се гледаме набргу’. Си заминувам од уникатен клуб и никогаш нема да ги заборавам годините тука“, напиша Лапорт.
Сити беа блиску до потписот на дефанзивецот летото 2016 година, пред тој да се повлече во последниот момент и да потпише нов договор со баскискиот клуб.
Покрај Лапорт, кого Сити треба да го претстават во вторник, тимот од Манчестер е заинтересиран и за Фред од Шахтјор Донецк, за дополнителни 35 милиони фунти. Шахтјор го прифатиле барањето на 24-годишниот Бразилец, но би сакале трансферот да се случи на лето, а не во јануари.
Laporte abona la cláusula de rescisión https://t.co/WIIcwSCqM9 #athletic
— Athletic Club (@AthleticClub) January 29, 2018