Top Sport

Сити победија во Саутемптон, Барнли подобри од Вест Хем (Видео)

Манчестер сити ја прекинаа серијата од два порази, а фудбалерите на Барнли го прекинаа постот од три меча. Сити победи во Саутемптон, а Барнли славеа над вест Хем.

„Граѓаните“ на Пеп Гвардиола победија со 3:1 во Саутемптон. Сити ја прекинаа серијата од два порази (Кристал Палас и Лестер) и со 47 бода се вратија на второто место на табелата.

Давид и Бернанрдо Силва ја креираа акцијата во 10.минута со која „граѓаните“ го отворија резултатот. До крајот на полувремето Пјер-Емил Хојбјерг успеа да израмни.

Во финишот на првиот дел Сити направија брлиц-криг. Во 45.минута Ворд-Праус постигна автогол, а Агуеро во третата минута од судиското надополнување го постави конечниот резултат.

Во финишот на мечот капитенот на Саутемптон Хјојберг поради остар старт доби директен црвен картон.

Барнли против Вест Хем освоија значајни бодови во борбата за опстанок. За 35 минути Барнли го решија прашањето околу победникот. најпрвин погоди Вуд во 15.минута,а во 34. конечниот резултат го постави Мекнил.

Вест Хем се на 11.место со 27 бода, додека Барнл со 15 е на делба на 17. позиција.

Scroll to Top