Top Sport

Сити подготвува нов договор за Халанд

Фудбалскиот клуб Манчестер сити планира да му понуди продолжување на договорот на норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд по завршувањето на сезоната, пренесува „Дејли Телеграф“.

Халанд минатата година пристигна во Манчестер сити од Борусија Дортмунд за 60 милиони евра, со „граѓаниѕе“ има договор до 30 јуни 2027 година.

Оваа сезона за Манчестер сити во сите натпреварувања постигна 52 гола на 52 натпревари.

Халанд претходно изјави дека во текот на кариерата сака да игра во сите пет големи европски лиги, а се шпекулираше дека би можел да ја продолжи кариерата во Реал.

Британските медиуми пренесуваат дека челниците на Манчестер сити сакаат со нов договор да спречат какви било преговори со мадридскиот клуб.

Халанд во првата сезона со Сити ја освои Премиер лигата и ФА Купот, а има можност да слави и во Лигата на шампионите, доколку во сабота, Сити го победи Интер.

Scroll to Top