Top Sport

Сити повторно се спаси во завршницата (Видео)

Фудбалерите на Манчестер Сити го совладаа Вест Хем јунајтед 2:1 (0:1) во последниот натпревар од 15.коло во Премиер лигата. Сити, како и на натпреварот со Саутемтпон до победата стигна во финишот на натпреварот, разликата е само што Стерлинг не беше спасителот туку Давид Силва.

Вест Хем првиот дел го заврши со рпедност 0:1, со гоот на Огбона кој погоди по додавањето од Кресвел.

Резултатот го израмни Отаменди во раната фаза од вториот дел, во 57.минута. Победата на „граѓаните“ има ја донесе Давид Силва во 83.минута, а аситент беше Де Брујне.

Со оваа победа Сити ја задржа предноста од осум бода во однос на Манчестер јунјатед, додека Вест Хем е претпоследен со само десет бода.

Наредното коло го носи дербито на Манчестер, во кое Јунајтед ќе му биде домаќин на Сити.

Scroll to Top