Top Sport

Велингер пред Фрајтаг за германски викенд во Нижни Тагил (видео)

Андреас Велингер го победи својот германски сонародник Рихард Фрајтаг за трета победа во кариерата во Светскиот куп во ски скокови во рускиот Нижни Тагил.

22-годишниот Германец имаше скокови од 132 и 133.5 метри за да освои 275.7 поени пред победникот од саботното натпреварување, Фрајтаг со 270.9 поени (131 и 138 метри), додека трет беше актуелниот шампион од Светскиот куп, Австриецот Штефан Крафт со 263.5 поени (128 и 133.5 метри).

По четири индивидуални натпреварувања во Светскиот куп, во кои имаше четири различни победници (Џуниширо Кобајаши, Јернеј Дамјан, Фрајтаг и Велингер), Фрајтаг е лидер во генерален пласман со 270 поени пред Велингер со 239 и Норвежанецот Даниел Андре Танде со 220 поени.

Натпреварувањето од СК продолжува следниот викенд со едно тимско и едно индивидуално натпреварување во германскиот Титизе-Нојштад.

Scroll to Top