Германскиот „Шпигл“, продолжи да објавува детали од документите кои ги покажуваат малверзациите на најголемите европски клубови, кои наводно биле поддржаби од високи челници на УЕФА и ФИФА.
Синоќа, топ вест беа информациите, како Манчестер сити и ПСЖ со помош на ФИФА на чело со Џани Инфантино и Мишел Платини успеале да го заобиколат финансискиот фер-плеј.
Се појавија и плановите на најбогатите европски клубови околу основањето на Суперлига, која би била од затворен систем и во неа би учествувале 16 екипи.
„Шпигл“, сега објави конкретен пример како Манчестер сити го заобиколил финансискиот фер-плеј. Наводно „граѓаните“, својот поранешен тренер Роберто Манчини го плаќале така шти тој бил на платниот список на „Ал Џазира“, чии сопственик е исто така шеикот Мансур, газдата на Манчетер сити.
Парите за платата на Манчини била уплаќани преку офшор компанија со седиште во Маурициус. Сити на овој начин избегнале тие суми да бидат прикажани во финансиските книги на клубот. Станува збор за голема сума на пари, бидејќи Манчини во својот стручен штаб имал голем број на помошници.
Според документите, некогашниот челник на УЕФА, а сега претседател на ФИФА, Џани Инфантино, со помош на поранешниот француски претседател, Николас Саркози, помогнал богатите арапски сопственици на Манчестер сити, да ги заобиколат правилата во финансискиот фер-плеј.
Весникот порачува дека во исто време УЕФА ги санкционирала италијанските клубови Милан и Интер, а Манчестер сити и ПСЖ поминале без казни без оглед на нивните мегаломанските трошоци.
УЕФА со „местенка“ за ПСЖ и Манчестер сити околу финансискиот фер-плеј